Loading Video...
Тенис
26. August 2019 - 11:01

Започнува последниот Гренд слем годинава „УС Опен“

На терените на „Флешинг Медоу“ во Њујорк денеска стартува последниот Гренд-слемт тениски турнир годинава 
 
На првиот натпреварувачки ден на УС Опен, од фаворитите ќе се појави светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и минатогодишен победник, кој за противник ќе го има Шпанецот, Буена. 
 
5-носител Русинот, Медведев е апсолутен фаворит во дуелот против Индиецот, Гунесваран, како и 7-носител Јапонецот, Нишикори кој ќе игра против Тругељити од Аргентина. 
 
Кај дамите 2-та фаворитка Американката, Ешли Бартли игра со Дијас од Казахстан. 
 
Во чешкиот дуел Карилона Плишкова која ја има улогата на 3-носителка е фаворитка против Матичова, а истата улога ќе ја има и 5-носителка Украинката, Свитолина која во првото коло игра против 17-годишната Американката, Витни Осигве. 
 
Сепак најголемо внимание во првата рунда кај дамите ќе бривлече дуелот меѓу минатогодишната финалистка и шест кратна победничка на УС Опен, Серена Вилијамс и Русинката, Марија Шарапова.
 
Трофејот од лани кај дамите ќе го брани Јапонката, Наоми Осака.