Кошарка
10. October 2017 - 9:33

Започнува десеттата сезона во БИБЛ лигата

 
 
 
 Со двата натпревари кои ќе се играат попладнево, ќе биде отворена јубилејната 10-та сезона во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ). 
 
И сезонава, Македонија ќе има двајца свои претставници. Покрај редовниот учесник и минатогодишен финалист Куманово, годинава во БИБЛ лигата ќе настапува и гевгелискиот тим Блокотехна. 
 
Годинава осумте екипи ќе одиграат 14.коло во првиот дел од сезоната, по што двете прво рангирани директно ќе се пласираат на Фајнал-фор турнирот, додека останатите ќе разигруваат во четвртфиналната рунда. 
 
Двојките за 1.коло во БИБЛ лигата се: 
 
Вторник 
17,00  Ибар (Розаје) – Академик Бултекс (Пловдив)
18,30  Блокотехна – Тирана 
Среда 
18,30  Левски – Куманово 
7 декември 
Башкими – Рилски спортис (Самоков