Започната истражна постапка против царински службеник
Скопското обвинителство во соработка со СВР Скопје – Одделение за економски криминал започна истражна постапка против едно лице, вработено на неопределено време како цариник во царинската испостава „Блаце“.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство на РМ, осомничениот се товари дека на 08.10.2016 година во 06:50 часот на царинската испостава „Блаце“ побарал подарок од едно оштетено лице за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши согласно царинските прописи.
По претходен телефонски договор, двајцата се сретнале во кафуле во еден трговски центар во Скопје и оштетениот му ги исплатил парите, при што осомничениот е фатен на лице место од овластени службени лица на МВР.
Осомничениот се товари дека сторил кривично дело „поткуп“ за кое предвидена е казна затвор од четири до 10 години.
До судија на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, но судијата со решение определи мерка „куќен притвор“. На ваквата одлука Основното јавно обвинителство – Скопје поднело жалба.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри