Свет
17. December 2015 - 8:31

Започната истрага против Марин Ле Пен поради објавување слики од ИД на Твитер

Против француската десничарка Марин Ле Пен е започната истрага откако на Твитер објавила фотографии од егзекутирања кои ги извршува Исламската држава (ИД), како и слика на која е прикажано како џихадисти обезглавуваат заложник.

Канцеларијата на обвинителот во париското предградие Нантер соопшти дека е започната истрага поради „ширење насилничка глетка“ преку Твитер, извршена од Ле Пен.

Таа вчера беше остро критикувана бидејќи објави на социјалната мрежа фотографии од злосторства на ИД како одговор на еден новинар, кој укажал на сличност меѓу нејзината партија Национален фронт и ИД.