Започнаа подготовките за искачувањето на Титов врв
Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово започна со интензивни подготовки за 38-то традиционалното искачување на Титов врв што годинава ќе се одржи на 25 и 26 мај. Овој пат настанот е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
– Искачувањето на Титов Врв, низ годините стана препознатлив планинарски бренд, а со вакви настани, нашата земја гради традиција што трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето и благосостојбата на населението, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и одржлив развој. Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за организација на големи традиционални планинарски акции „Љуботен“ ги поканува сите друштва/клубови и организирани здруженија навремено да се пријават за овој планинарски настан-соопштуваат од ПК „Љуботен“.
Во сабота 25 мај според предвидената програма ќе има акција за чистење на смет во близина на хотелот „Попова Шапка“ во рамки на кампањата #TrashTagChallenge како и трибина на тема: „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите“, организирано од Младинска Комисија при ФПСМ. Искачувањето на 26-ти мај, недела започнува од 6 часот и 30 минути пред платото на хотел „Попова Шапка“ а движењето е по „Вакуфска Патека“.
ПК „Љуботен“ ќе прима пријави за учество до 21 мај со цел да се може да се организира сместување и останатите логистички потреби.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ