-->
-->
Започна втората фаза од катастарското обележување на државната граница со Бугарија
-->
Над Делчево, денеска започна втората фаза од катастарското снимање и изработката на катастарската документација на државната гранична линија со Република Бугарија , која е дефинирана и обележана.
Стручни лица од Агенцијата за катастар и недвижности започнаа со премер и изготвување современа гранична документација од граничниот камен 72 до граничниот камен 106, односно над Делчево до тромеѓето на Србија- Македонија и Бугарија.
Директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Славче Трпески, кој денеска беше на граничниот камен 72 , истакна дека врз основа на Спогодбата за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија на македонско-бугарската граница, потпишана и од Владите на Македонија и Бугарија во 2000 година и Мешовитата комисија, денеска започнува втората фаза од изработката на катастраската документација за граничната државна линија со Бугарија.
-Денеска сме тука на 72 камен и ги започнуваме активностита на премер на граничната линија од 72 камен до 106 камен до тромеѓето на Македонија, Србија и Бугарија. Тоа е во должина од 70 км. Целокупната активност е планирано да заврши до 15 октомври оваа година, потоа ќе следува обработка на документацијата. Ќе остане уште еден дел од оваа граница,која е од 50-иот столб, па до тромеѓето со Грција кое очекуваме да се реализира во 2017 година, рече Трпески.
Трпески потенцираше дека Македонија е единствена од поранешните југословснки републики со решени државни граници со соседните држави. Граничната документација со Грција е изработена во 1987 г., за државната граница со Република Србија и Република Косово е обележана и за неа е изготвена најсовремена гранична документација заклучно со 2012 година.
-Предмет на премерот на државната граница е означување и прибирање просторни и описни податоци за граничните точки. При премерот на државната граница се изготвува ортофото план, а за извршениот премер на државната граница се изготвува геодетски елаборат во кој е содржана геодетско-техничка докиментација, рече Трпески.
Кататастарското обележување на граничната линија се врши со современи апарати и со поддршка на МВР и ЈП Македонски шуми, а во соработка со органите од соседна Бугарија, истакна Ванчо Постоловски член на Мешовитата комисија за чување, одржување и обележување на макеоднско-бугарската гранична линија.
-Работите ги извршуваат стручни лица од Агенцијата од Македонија и од Бугарија. Со екипите постојано ќе бидат присутни лица за обебзедување од МВР и од службите од бугарската полиција, а во делови каде што треба да се чисти теренот, на растојание од 3 метри од наша и 3 метри од бугарска страна, ќе работат екипи од ЈП Македонски шуми. Самото мерење ќе се одвива со најсовремена апаратура, рече Постоловски.
Граничната линија со Бугарија е во должина од 185 км., пред три години е завршено кататстарското обележување на границата со Бугарија во должина од 45 км.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања