Македонија
15. јуни 2020 - 16:41

Започна уривањето на плажите во Охрид

Се отстрануваат нелегалните објекти на плажите во Охрид за воведување ред на крајбрежјето согласно препораките на Унеско.Станува збор за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

Акцијата  за отстранување на диво поставените платформи,шанкови и платформи долж езерото започна од населбата Свети Стефан.

По завршувањето на активностите на овој потег како што велат од локалната ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти.

(Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион)стои во соопштението на општина Охрид.

Дел од сопственици на шанкови, угостителски објекти и плажи обвинуваат за селективност и реагираат дека пред почетокот на сезоната не време за уривање на објектите.

Во меѓувреме,пак  дел од концесионерите кои плажите ги изградиле  согласно плановите за уредување издадени од државата, поведоа иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на владината уредба со сила на закон во време на вонредна состојба.