Македонија
11. February 2016 - 16:50

Започна уредувањето на крајбрежјето и пешачките патеки на велешкото езеро „Младост“

Денеска започнаа градежните работи се уредување на крајбрежјето и пешачките патеки околу велешкото езеро „Младост“ како проект вреден 6 милиони денари финансиран од Агенцијаа за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

 
Увид во започнувањето на работите денеска направи градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој потенцира дека овој проект е многу важен за развој на туризмот на ова атрактивно вештачко езеро за туристите од земјава и странство.
 
- Во рамки на проектот кој ќе се реализира во наредните два ипол месеци ќе бидат поставени:88 клупи, 29 маси, 31 корпа за отпадоци и 41 настрешница, а ќе се поплочат 1.700 метри квадратни површина. Воедно ќе ја засилиме и комуналната служба,а со цел овој простор да биде и чист и уреден и пријатен за посетителите, изјави Чадиев.
 
Тој најави дека околу езерото „Младост“ ќе се изградат и патеки за спорски риболов.