Започна реконструкција на главната улица во Глумово
Град Скопје денеска започна со реконструкција на еден километар на главната улица во населеното место Глумово во општина Сарај.
На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и општина Сарај, Коце Трајановски и Беким Мурати, и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски.
- Со овој проект е предвидена реконструкција на коловозот на оваа улица, од влезот на Глумово до тoчкaтa кaде штo се двoи пaтoт зa Гoрнa и Дoлнa Мaткa. Ќе се изврши отстранување на горниот слој и ќе се нанасе нов асфалт, а ќе се реконструираат и тротоарите на местата каде што ги има, истакна градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Мурати изјави дека соработката со Градот Скопје е одлична и дека резултирала со голем број реализирани проекти со кои е подобрен животот на жителите на општина Сарај.
Работите на терен ќе ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а за реализацијата на овој проект Градот Скопје ќе издвои 10 милиони денари. Се очекува реконструкцијата на главната улица во Глумово да биде завршена за околу два месеца.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност