Македонија
16. February 2019 - 11:06

Започна пријавувањето за планинарскиот марш на Голак во чест на Февруарскиот поход

 
Започна пријавувањето за планинарскиот марш кој на планината Голак на 24 февруари 2019 ќе се одржи во Делчево по повод одбележувањето на 75-годишнината од Февруарскиот поход.
 
За таа цел, Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани граѓани, здруженија, јавни претпријатија, институции, политички партии и други заинтересирани, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ.