Македонија
16. November 2016 - 20:19

Започна предвремниот откуп на тутунот, производителите очекуваат добри цени

Две од вкупно десетте откупни компании кои имаат лиценца за откуп, “Кавекс – Балкан” во Неготино, од вчера, и “Сокотаб – Битола”,  од денеска, согласно Законот за тутун,  започнаа  со предвремениот откуп на тутунот од годинашната реколта.Тутунопроизводителите задоволни се од годинашниот квантите и квалитет на родот, заради што оптимистички очекуваат дека просечната откупна цена ке се движи околу 200 денари за килограм тутун.
 
Редовниот откуп на тутунот од годинашнава реколта, законски, започнува најдоцна на 15-ти декември. Годинава, родот тежи околу 20 илјади тони, а според договореното, откупувуачите побаруваат 26 илјади тони, состојба која индиректно укажува на можноста тутунопроизводителите  да очекуваат и повисоки откупни цени од ланските.