Македонија
29. August 2019 - 16:22

Започна постапката за разрешување на Јанева

Советот на јавни обвинители утврди дека постојат законски основи за разрешување на Катица Јанева пред истекот на нејзиниот мандат, поради нестручно и несовесно работење. Постапката ќе се води преку Собранието, кое најдоцна до утре ќе ги добие сите неопходни документи за да може да постапува.

Откако сите членови изнесоа анализа за состојбите по списите во истражниот предмет за организиран криминал кој се однесува на постапувањето на обвинителката Јанева во предметот „Империја“ на СЈО, Советот едногласно одлучи дека се исполнети услови за да започне постапка за разрешување на јавната обвинителка Катица Јанева., изјави по седницата претседателот на Советот на ЈО, Коле Штерјев.

Извештајот на Советот на јавни обвинители најпрво ќе треба да помине низ собраниската комисија за избори и именување. Потоа пратениците на пленарна седница со двотретинско и Бедентерово мнозинство ќе треба да утврдат формален предлог за разрешувањето на Јанева. Конечниот збор на крајот повтроно го има Советот на јавни обвинители.

Илија Димовски како претседател на собраниската комисија за избори и именувања вели дека ова е единствениот законски начин за разрешување на Јанева, наспроти како што вели сите притисоци за прескокнување на собраниската процедура.

Во секој случај, добро е што Советот на јавни обвинители покажа сила и законитост во својата работа и ги следи позитивните норми од Законот за СЈО. Се надевам дека до крај на целата постапка сите органи повикани да постапуваат нема да дозволат политичките интереси да ги поништат законските одредби кои се прецизни и јасни“, рече Димовски.

Паралено со процесот за избор на нов шеф на СЈО ќе оди и постапката за избор на нов претседател на Советот на јавни обвинители, бидејќи двегодишниот мандат на Коле Штеријев завршува денеска. Штеријев вели дека ова нема да биде причина за одолговлекување на постапаката за избор на наследникот на Јанева, бидејќи членовите на Советот на утрешната седница ке го избираат новиот претседател.