Македонија
15. јуни 2019 - 16:05

Започна пописот на домаќинствата

Процесот на попишување стартува со идентификација преку вашиот матичен број. Која година е изграден вашиот дом е првото прашање на кое треба да одговорите. Прашалникот кој се однесува на вашето домаќинство опфаќа и прашања за материјалот од кој е изграден објектот, вкупната површина, бројот на соби и енергентската ефикасност.

Личниот прашалник пак почнува со инфомации за вашето државјанство, етничката припадност, верата, јазикот кој го говорите, степенот на завршено образование и изворот на месечни примања.

Целиот процес на попишување ќе ви одземе 15тина минути, во кои треба да одговорите на 50тина прашања поделени во три типа.

Се помина во најдобар ред, ова е нешто што и треба на државата.

Попишувачките тимови на Државниот завод за статистика од утрово го стартуваа пробниот попис на населението. Процесот е електронски, а до 30ти јуни ќе бидат опфатени 13 општини во земјава.

До сега е се во најдобар ред, секаде бевме примени без проблем, оние граѓани кои не можеа да одговараат заради приватни обврски, ќе добијат извештување за друг термин...

Секој ваш одговор ќе се проверува со претпописната база на податоци. Сите информации кои нема да се совпаѓаат ќе се сметаат за погрешни или лажни.

Од попишувачките тимови велат дека  ова е законска обрвска на граѓаните, но до овој момент нема информации дали граѓните кои ќе одбијат да бидат дел од пописот, ќе се санкционираат.