Започна планинарскиот марш „По патеките на востаниците”
Започна традиционалниот планинарски марш што се организира по повод 143 години од Разловечкото востание. Маршот е со релација село Тработивиште – Свети води – Разловци и е во должина од осум километри.
- На овој планинарски марш, кој е од историско значење, учествуваат планинари од Делчево, Берово, Пехчево, Велес и од Зрновци. Планинарската патека минува низ еден интересен предел и засега временските услови се идеални за учесниците. Маршот го започнавме од село Тработивиште, со тоа што пристигнувањето на планинарите на централната прослава во Разловци се очекува некаде околу 12 часот, информира водичот и претседател на ПСК „Голак”, Љупчо Чучуковски.
Додава дека по завршувањето на маршот за планинарите ќе биде организирана заедничка дружба со пригоден ручек.
Организатор на настанот и годинава е Општина Делчево, како дел од одбележувањето на 143-годишнината од Разловечкото востание по кој повод денеска во Разловци ќе бидат организирани низа настани.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи