Македонија
11. February 2017 - 12:43

Започна изградбата на канализациска мрежа во Брвеница

Над три илјади жители од населеното место Брвеница за шест месеци ќе добијат фекална канализациска мрежа.  Изградбата на канализацијата почна денеска, а ќе се гради и колектор за преттретман на отпадните води.

Инвестицијата изнесува 21,5 милиони денари, обезбедени од Европската инвестициска банка.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека со изградбата на новата канализациска мрежа ќе се обезбедат поквалитетни и поеколошки услови за живеење во општина Брвеница. 

Канализациската мрежа беше едно од главните барања на жителите на насленото месо Брвеница до централната власт, бидејќи досега отпадните води беа третирани со септички јами, укажуваат од ресорното Министерство.