Македонија
18. January 2017 - 19:23

Започна чествувањето на Богојавление – Водици во Охрид

Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмката“ и изложба на подводна фотографија започнаа чествувањата за празник „Богојавление – Водици во Охрид.

Станува збор за видео материјал каде е прикажан животот и мрестот на охридската пастрмка сниман во изминатите пет години .

И покрај студеното време огромен е интересот за скокање по чесниот крст во водите на Охридското езеро.

Од Црвениот крст препорачуваат капачите да ја проверат својата здравствена состојба и да се информираат за опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 6.5 степени Целзиусови.

Во пресрет на големиот христијански празник Водици хотелиерите рестораните и угостителскит објекти нудат промотивни цени, градското пристаниште е исчистено и обележано а централното градско подрачје и улиците се украсени со знамињата  на манифестацијата.