-->
-->
Започна асфалтирањето на улица„ Бр.2“ во центарот на Македонска Каменица
-->
Започна асфалтирањето на улица„ Бр.2“ во централното градско подрачје во Македонска Каменица. Новата улица е со должина од 183 метри и ги поврзува главната градска улица со кејот на реката Каменичка.
Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, за МИА изјави дека вредноста на овој инфраструктурен проект е околу 6 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината.
- Изградбата на ова аулица во централното грасдко подрачје беше неопходна, бидејќи сега со реализацијата на овој проект, го подобривме пристапот до новата спортска сала и повеќенаменското игралиште, истака Митевски.
Во градското подрачје на Македонска Каменица се работи и на изградба на улицата „Илинденска“ во должина од 100-ина метри, а неодамна беа асфалтирани и кракови од улици во Струјовско маало, Карадачко маало и крак од улицата „Каменичка“.
Градоначалникот Митевски потенцираше дека за наредната година ќе се интензивира изградбата на локални патишта во руралните средини.
- Планираме изградба на улици во село Косевица, Моштица, Саса, Дулица и Цера. Средствата за овие инфраструктурни зафати ќе се обезбедат дел од општинскиот буџет, а дел преку проекти од Агенцијата за рурален развој, рече Митевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители