Македонија
1. August 2020 - 17:04

Запленети стебла од марихуана во атарот на делчевското село Град

Запленети се стебла од марихуана во атарот на делчевското село Град. Стеблата биле пронајдени во координирана акција на делчевската полиција и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност Штип и се предадени на вештачење од страна на јавен обвинител.

– Стеблата со марихуана се пронајдени во месноста ,,Суви дол” во атарот на делчевското село Град, каде наши екипи запленија 12 стебла марихуана. Растенијата се високи од 75 сантиметри до 3 метри и истите од страна на Јавен обвинител при ОЈО Кочани се предадени на вештачење, информираа од делчевската полиција.

Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.