Македонија
23. December 2020 - 17:08

Запленети околу 13.500 пиротехнички средства на Бит Пазар, приведен 27-годишник

Денеска (23.12.2020) околу 13.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје го приведоа И.К.(27) од Студеничани, Скопје бидејќи кај него се пронајдени 13525 парчиња пиротехнички средства. 

Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.