Запленети над 100 грама кокаин во Кичево, приведен дилер
Во рамките на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во координација на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети.
На 24.10.2020 околу 20.20 часот на бул.Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети.
Одземено е возилото "цитроен", како и возило "порше". Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација