Македонија
28. December 2020 - 17:36

Запленети близу 6000 пиротехнички средства во Струмица

Денеска (28.12.2020), по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од ПС-ОН Струмица во објект на ул. Атанас Нивичански пронајдени се разновидни пиротехнички средства, вкупно 5833 парчиња.

Во врска со овој случај, приведен е Б.И. (20) од Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.