Свет
23. May 2017 - 10:54

Запленети банкарски сметки и имот на поранешниот грчки министер за одбрана Папандониу

Грчките власти запленија банкарски сметки и недвижен имот на поранешениот министер за одбрана од социјалистичката партија ПАСОК, Јанос Папандониу. 

Тоа се случило на барање на Обвинителството, кое се занимава со корупциски дела.

Освен банкарски сметки властите на поранешниот министер му заплениле и куќа во атинскиот кварт Кифисија и неговата канцеларија во центарот на Атина. 

Властите водат истрага за утврдување на тоа дали имало случаи на подмитување и перење пари, при склучување на зделки за оружје, додека Папандониу беше министер за одбрана. 

Од Швајцарија, пак, се побарани податоци за две банкарски сметки на Папандониу и една осигурителна полиса на негово име.

Ова е втор случај за корупција со поранешен министер за одбрана на Грција. Претходно за корупција и перење пари беше осуден Акис Цохаѕопулос, исто така од ПАСОК.