Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесекривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија. А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Р.Турција, со цел стекнување на противправна имотна корист.
На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Од страна на полициски службеници од ЕНТД извршен е преглед на товарното моторно возило при што во истото пронајдена е марихуана. Пронајдената марихуана е предадена за вештачење и утврдено е дека е со вкупна нето тежина од 36 кг. Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, пришто одредена име мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација