Запленети 22 златника на аеродромот во Скопје
При контрола на патник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, мобилен царински тим вчера открил 22 златника со вредност од околу 12 илјади долари.
Како што соопшти Царинската управа на РМ, вчера околу 17:00 часот на аеродромот во Скопје, за влез во Македонија со лет од Рим се пријавило лице со иницијали Н.Р., македонски државјанин од Кичево. И покрај тоа што лицето се упатило кон зелен канал каде одат патници кои немаат ништо за пријавување, селектирано е за царинска контрола.
- При контрола на личниот багаж, во патна торба помеѓу личните предмети завиткани во хартиена кеса, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи пронајдоа 22 златници со вкупна тежина од 307 грама. Вкупната вредност на златниците според пронајдената фактура изнесува 11.645 американски долари или околу 647.578 денари, стои во соопштението.
Непријавените златници се привремено задржани, а против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората