Македонија
4. March 2021 - 10:05

Запленета марихуана кај село Радожда, струшко

Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад на 03.03.2021 околу 21.00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана.

Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Македонија. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот законик.