Запишани 334 првачиња во општина Кочани
Во новата учебна година во училиштите клупи во Кочанските основни училишта ќе седнат 334 првооделенци. Со оглед на бројот на исселени цели семејства во странство бројката е задоволителна, истакнуваат од Секторот за образование во Општина Кочани.
- Минатата учебна година во кочанските основни училишта беа запишани 36 првачиња повеќе од годинава, односно 370. Предмината пак имаше најмалку првачиња 321. Тоа покажува дека од година во година бројот на првачиња опаѓа и дека трендот на иселување на младите се рефлектрира на бројот на новородени деца, а со тоа и на бројката на првачињата, изјави Голубинка Георгиева, раководител на сектор образование во општина Кочани.
Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ има запишано вкупно 128 првачиња. Од нив 15 се во с. Подлог и три во с. Бели. Во ОУ „Малина Попиванова“ запишани се 67, во ОУ „Никола Карев“ 63 првачиња од кои 13 во с. Тркање и пет првачиња во подрачното училиште во с. Грдовци. Во ОУ „Раде Кратовче“ 56 и во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари 21 прваче, истакнува Горгиева.
Инаку, петте основни училишта во општина Кочани, од кои четири во градот и едно во населбата Оризари, заедно со подрачните училишта, подготвени ја пречекуваат новата учебна година, со подобрени услови за изведување на наставата.
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров