Македонија
23. August 2017 - 14:08

Запалил трева и предизвикал пожар во дворот на црквата во прилепско Лажани

Педесет и шестгодишниот Р.К. од прилепското село Лажани вчера запалил сува трева со што предизвикал пожар кој се проширил на местото и во дворот на селската црква ,,Св. Никола“.

- Вчера околу 14:30 часот кај црквата ,,Св.Никола“ во с. Лажани, додека пријавениот напасувал добиток во близина на црквата, запалил сува трева со што предизвикал пожар кој се проширил на местото и во дворот на црквата ,,Св. Никола“ при што пожарот зафатил површина од околу 2.000 метри квадратни, информираат од полицијата.

Полициската станица Прилеп поднела кривична пријава против Р.К. за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.