Македонија
23. јуни 2022 - 18:38

Запалил трева и предизвикал пожар, кривична за 53-годишен стружанец

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(53) од струшкото село Калишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Охриѓанецот на 10.05.2022 на државно земјиште покрај брегот на Охридското езеро запалил сува трева и предизвикал пожар.