Македонија
7. December 2016 - 14:02

Запалено возило во Тетово

Вчера околу 22.00 часот во Тетово на ул. “180“ од страна на непознат сторител бил подметнат пожар во паркирано патничко моторно возило „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на И.И. (68), кој живее на наведената улица.

Пожарот бил забележан од вработен во Територијалната противпожарна единица Тетово, по што истиот го известил сопственикот на возилото и ТППЕ-Тетово, која за кратко време излегла на местото на настанот и го локализирала пожарот. 

Увид е извршен од страна на екипа од СВР Тетово.

СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.