Запалено македонското знаме на протестите пред грчкиот парламент
Со грчки знамиња, пароли против Договорот од Преспа и „Македонија е грчка“, мал број Грци се собраа на почетокот од протестот пред Парламентот организиран од т.н „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.
Протестот кулминираше кога лица во качулки зградата на Парламентот го запалија македонското знаме.
Весникот „Ефимерида“, кој го објави видеото, наведува дека се повеќе и повеќе луѓе со качулки доаѓаат пред парламнтот. Во информациата се додава дека запалливи средства се фрлани и кон полицијата, која за време на палењето на знамето не реагирала.
Демонстрантите преку нивните паноа бараат оставка од претседателот на Грција, но и референдум за договорот. Во моментот во парламентот се уште се води жестока дебата за Преспанскиот договор.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто