Македонија
11. August 2018 - 11:22

Запалено БМВ во скопско Шишево

Рано утрово околу 04.30 часот во центарот на село Шишево, скопско, било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т. од с.Шишево.

Според пријавата, непознати лица најверојатно го полиле со запаллива течности и го опожариле во предниот дел, по што побегнале во непознат правец. 

Од сопственикот на возилото пожарот бил изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.