Македонија
7. February 2017 - 14:30

Запалено БМВ во Сарај додека било паркирано во двор

Ноќеска во 03.00 часот во ЕИК-Скопје, А.И. пријавил дека во с.Сарај, скопско, во дворот од неговата куќа забележал непознати лица кои фрлиле предмет кон неговото патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, по што истото се запалило.
 
Првично е констатирано дека е опожарен внатрешниот дел од возилото.
 
Увид ќе се врши во текот на денот.