Балкан
13. December 2015 - 14:49

Запалени четири службени возила во Косово

Најмалку четири службени возила на косовски институции се запалени синоќа, соопшти денеска Косовската полиција.

Запалените возила се во сопственост на Апелациониот суд во Призрен, Основниот суд во Гњилане, обвинителствово во Пеќ и косовската Даночна администрација во јужниот дел на Косовска Митровица, јави Танјуг.

Косовската полиција соопшти дека нешто пред 23 часот прво е запалено службено возило на Апелациониот суд во Призрен, а 15 минути по инцидентот во Гњилане е запалено возило на паркингот пред Основниот суд во градот.

Нешто пред полноќ во Пеќ е запалено службено возило на косовското Обвинителство, а околу полноќ во јужниот дел на Косовска Митровица изгорело возило на косовската даночна администрација, на паркинг пред Собранието на општината.

Според косовската полиција станува збор за подметнување пожар и отворена е истрага по сторителите.