-->
-->
Запален летниковец во Гази Баба за време на полициски час
-->
За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба. Пожарот го забележале нашите градски инспектори кои правеле рутинска контрола со помош на дрон, информираа од Град Скопје на нивниот фејсбук-профил.
Со брзата реакција на Пожарна Скопје не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид околината.
„Ваквиот вандализам мора да престане! Летниковецот во парк шумата Гази Баба беше поставен за луѓето да можат да се одморат. Кому му пречело сето тоа? Овој чин не само што направил материјална штета, туку можел да предизвика голема опасност и да ја загрози безбедноста во околината“ напишаа од Град Скопје на твитер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада