Македонија
17. August 2018 - 16:28

Запален автомобилот на охридски адвокат

Запален автомобилот на адвокат од Охрид.Ноќеска на улицата Партизанска во центарот на градот возилото  било опожарено десетина минути откако го паркирал пред зградата во која живее.

Познатиот адвокат Мишел Наумоски вели дека незнае кој стои позади овој настан ,но  според кажувањата на соседите видени биле две лица кои се надева дека за брзо ќе бидат откриени бидејќи се снимени на безбедносните камери.

Автомобилот бил запален со експлозивна направа и заплива течност. Причината е непозната, а неофицијално се поврзува со професионалниот ангажман на Наумоски.

Наумоски е член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ ,адвокат и бизнисмен во градот Инаку ова не е прв ваков случај за него и неговото семејство ,во последните четири години во континуитет добивале закани  претходно им било  уништено возилото , гумите искршени стаклата,било вршено насилство во приватните бизниси  а добивале и разни заканувачки пораки на фејзбук преку индуректни лица  и во ниту еден случај не се откриени сторителите.

Опожареното возило е целосно оштетено,се врши негово вештачење а екипите на СВР Охрид работат на расветлување на овој случај.