Македонија
7. March 2017 - 15:08

Запален автомобил во Тетово, пламнал од непознати причини

Ноќеска околу 03.30 часот во Тетово на ул. „Видое Смилевски-Бато“, од непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Пасат“ со струшки регистарски ознаки, сопственост С.К. (34) од Тетово. Од пожарот е изгорена задната десна страна од возилото, поточно делот покрај задното десно тркало, резервоарот за гориво и дел од задните седишта.
 
Пожарот е локализиран од екипа на Територијалната протипожарна единица Тетово.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.