Македонија
2. February 2017 - 14:42

Запален автомобил во Прилеп

Возило „Опел астра“ е опожарено ноќеска околу 2:45 часот на ул. „Рајко Жинзифов“ во Прилеп, од засега неутврдени причини. 

Опожареното возило со прилепски регистарски ознаки, е сопственост на Ж.Д (33) од сeло Кривогаштани, кој во тој момент бил на работа, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Пожарот е изгаснат од прилепската Територијална противпожарна единица.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на  Полициската станица Прилеп.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.