Свет
28. February 2018 - 11:43

Западот го обвини Иран за кршење на ембаргото за оружје за Јемен

САД, Велика Британија, Франција и Германија го обвинија Иран дека го крши ембаргото за достава на оружје во Јемен, што го воведоа ОН.

Четирите држави објавија заедничко соопштение, ден откако Русија стави вето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која содржеше обвиненија на адреса на Иран за незаконски пратки со оружје за шиитските бунтовници Хути во Јемен.

Во извештај на експерти од ОН задолжени да го следат политувањето на ембаргото се наведува дека Иран не ги презел неопходните мерки за стопирање на пратките со оружје за Хутите. Техеран негира дека ги вооружува  бунтовниците.

Според четирите западни држави, непочитувањето на ембаргото од страна на Иран создава опасност за стабилността во регионот.