Западните медиуми во Русија со закон ќе станат странски агенти
Странските медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, Радио Слободна Европа и Дојче Веле, можат да бидат погодени од законот, кој во моментот се подготвува во Руската дума за „медиумите-странски агенти“, изјави пратеникот од владејачката партија Единствена Русија, Андреј Исаев.
Рускиот Парламент минатата недела предупреди дека некои американски и други странски медиуими кои работат во Русија можат да се сметаат за странски агенти, со што ќе бидат задолжени да објават целосни информации за своето финансирање и вработените.
Според руските медиуми, Предлог-законот што се подготвува е „симетричен одговор“ на акциите на САД кон руската телевзија Раша Тудеј, на која беше наредено да се регистрира во САД како странски агент.
Исаев прецизира дека соодетни органи на извршната власт а не Думата ќе одредат кои точно медиуми ќе мора да ги спроведат новите правила.
Потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој не ја исклучи можноста Законот за медиумите-странски агенти, да биде усвоен веќе на собраниската на седница в среда.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка