Заокружи сметка во Нептун и донирај за сигурна иднина на младите без родителска грижа
Денес, 01 Декември 2022 година започнува најновата хуманитарна кампања на Нептун Македонија и СОС Детско село.
Нептун продолжува статешки и континуирано да ја поддржува работата на СОС Детско село заедно со своите потрошувачи овој пат со цел да обезбедат сигурна иднина на младите без родителска грижа.
Секој купувач во НЕПТУН продавниците во периодот од 01 декември до 31 декември 2022 година ќе можат да се приклучат во семејството поддржувачи на СОС Детско село преку иновативен начин на донирање. Секој купувач ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира за СОС Детско село со износ по свој избор во рамките на сметката.
Ги покануваме сите купувачи на Нептун заедно да овозможиме сигурна иднина на младите без родителска грижа и да менуваме животи на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та