Бизнис
6. November 2019 - 19:38

Занаетчиите се борат со нелојална конкуренција

Голем број занаетчии работат на диво. Од регистрираните 250 во охридската занаетчиска комора досега само 96 занаетчии имаат дозвола за работа, бројот пак кај вршителите на занаетчиската дејност е уште помал од 500 евидентирани во министерството за економија само 13- мина го испочитувале законскиот рок.

И покрај тоа што казните за  непочитување на Законот достигнуваат висина до 2500 евра сепак ризикот останува на занаетчиите.

Слабиот интерес и ваквата состојба е слична и во соседните општини.

Од комората велат дека години наназад занаетчиите се во лоша финансиска состојба ,дури 40 посто од регистрираните занаетчии работат со блокирани сметки.

Инаку сивата економија и нелојалната конкуренција која нуди многу поефтини услуги остануваат едни од најголемите проблеми со кои се соочуваат регистрираните  занаетчии,тоа во голема мера допринесува и за намалување  на бројот на занаетчии во земјава.