Македонија
23. July 2017 - 16:51

Занаетчиите од Охрид со заеднички производ ќе се борат за поголема потрошувачка на рачните изработки

Охридскиот бисер нашето културно богатство баран насекаде ширум светот.

Голем број на благороднички семејства ,кралици ,принцези, пејачки и еминентни личности купуваат од овој рачно изработен накит.

Но сепак највредното парче го купил македонец во Њујорк за 7 илјади долари.

Бисерот и тајната за неговата изработка од 1928 до денес се само една димензија која го прави Охрид интересен и привлечен.

Охридските занаетчии ги споија своите вештини и знаења и создадоа бренд наречен три во едно.

Станува збор за првиот ѓердан во кој се вклoпени три стари традиции како што се охридскиот бисер, филигранот и македонскиот рубин.

Инаку  на 2 август ќе биде промовиран и филмот за охридскиот бисер со што се заокружува еден стогодишен циклус од историјата.