Македонија
29. March 2023 - 12:21

Замрзнатите цени ќе го запрат растот на цените на туристичките услуги

Замрзнувањето на цените на одредени производи во еден дел ќе го стабилизираат трендот на покачувањето на цените во туризмот.Според добрите познавачи ваквите мерки нема да можат целосно да ги санираат последиците од енергетската и економската криза во хотелско-угостителската дејност но нема да доведат до  дополнително зголемување на услугите во туризмот.

Потегот на Владата за замрзнување на цените е повеќе од потребен и ќе им овозможат на угостителите да се снабдуваат со прехрамбени производи по поевтини цени.

Граѓаните пак сметаат дека ова намалување и замрзнување на цените не е доволно, бидејќи нивниот стандард е низок. Па затоа ова не може да ги реши нивните проблеми кои ги имаат поради ниските примања.