Македонија
1. November 2018 - 16:08

Замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Судот на барање на СЈО го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Како што објави обвинителството во своето соопштение замрзнати се 69 објекти меѓу кои и централниот штаб на партијата во Скопје

„Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“ – стои во соопштението на СЈО.

За ВМРО-ДПМНЕ ова е кулминација на политичкиот прогон. Од партијата велат дека по катастрофата на референдумот, власта преку своите инсталации во правосудниот систем тргнува во одлучна борба против секој кој како што велат, не е подготвен да тргува со Македонија

Според Јанушев, единствена цел на власта со денешната одлука е да се спречи нормалното функционирање на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во моментов сите партиски штабови со под обезбедување на СЈО.

Во СДСМ велат дека СЈО е независна институција

СЈО имаше обид да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ и минатата година пред локалните избори но Кривичниот суд не го дозволи тоа.

СЈО во предметот Талир, сомничи дестина лица од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ затоа што при изградбата на објектот во центарот на Скопје склучиле договор со градежна фирма кој според СЈО бил премногу поволен за ВМРО-ДПМНЕ.  Исто така обвинителството на Јанева тврди дека во партијата се вршеле лажни донации што според нив е доказ за незаконско финансирање.