Македонија
25. January 2021 - 8:39

Замрзна Моклишкото Езеро близу Ваташа

Замрзна Моклишкото Езеро, формирано во 1956 година при уривањето на ридот Градот, кај кавадаречкото село Ваташа.

– Неколкумина љубители на природата викендов пешачевме наоколу, па видовме дека замрзнал најголем дел од површината на езерото, изјави за МИА долгогодишниот планинар Блаже Мелов-Бда од Кавадарци

Моклишкото Езерото и околината се омилена дестинација за рекреативци и се посетени во секакви временски услови и во сите годишни времиња.