Македонија
8. January 2017 - 16:57

Замрзна крајбрежјето на Дојранското Езеро

Замрзна Дојранското езеро.  Ниските темпрератури кои оваа утро се спуштија до 11 - от степен под нулата направија голем дел од водата во Дојранското езеро да замрзне. Под мраз е скоро целото крајбрежје на езерото,  а замрзнатата водена површина е најизразена  во делот на Стар Дојран каде  неговата дебелина изнесува околу 6 сантиметри. Дојранчани велат дека ова не е прв пат и ваквата глетка е нормална за зимските периодите со ниски температури.

-Мраз е, речиси целото крајбрежје е замрзнато. Дебелината на мразот е некаде околу шест сантиметри. Сабајле беше минус 11. Тоа е нормално, на такви ниски температури тоа е нормално. Тоа секоја година се случува, не е прв пат, вели Злате Талески – набљудувач на Дојранско езеро  преку УХМР

Според неофицијалните проценки под мраз е околу една третина од езерото, но доколку температурите останат длабоко под нулата и ако ветрот стивне не е исклучена можноста да  замрзне и поголема површина од езерото,  а дебелината на мразот да се зголеми. Едно од најголемите замрзнување на езерото кое Дојран го памети беше пред десетина години кога истото остана под мраз цели 30 дена.