Балкан
12. January 2017 - 13:03

Замрзна Црното Море кај Бургас

По повеќе од половина век, водата во Црното Море кај Бургас, одново замрзна, јави БТА.

Ретката појава може да се набљудува од пристаништето „Сарафово", како и од тамошната Поморска станица.

Ледената покривка се зголемува, поради екстремно ниските температури, соопштија локалните власти.

Бродот „Анастасија", кој служи за туристички крстарења лете, сега наликува на ледена скулптура.