Македонија
24. November 2015 - 16:38

ЗАМП одбива електронска евиденција на емитуваната музика

Петте национални телевизии, членки на Македонската медиумска асоцијација го повикаа ЗАМП, не од 1 јануари 2016, туку веднаш да ја реазлизиара забраната за емитување на музика од автори кои се дел од здружението за авторски права, доколку не сака евиденцијата на емитувана музика да се води по законската процедура преку електронскиот софтвер.

Истовремено теливизиите, Сител, Алфа, Телма, Алсат М и Канал 5 од денеска од својата програмска шема ќе ги симнат сите песни кои се дела на членови на Собранието, Управниот и надзорниот одбор на ЗАМП.

-Бараме не од Нова Година, уште од утре, секој автор кој се согласува со оваа Ваша смешна одлука да достави потпишана изјава на нотар во која таксативно ќе ги наведе сопствените дела, кои не сака да му бидат емитувани. Истовремено ќе треба да доставите и соодветен доказ за регистрација на Вашето авторско дело, стои во соопштението на Македонската медиумска асоцијација.

Реакцијата на петте национални телевизии доаѓа како резултат на смоволната најава на ЗАМП дека од први јануари ќе забрани тие да емитуваат музика од автори членики на ЗАМП доколку не се врати стариот систем на мерење.

Телевизиите велат дека изминатиов период се влеожени многу напор да се дојде до најсоодветно решение, откако со закон беше наложено емитување на осум часовна македонска музика неделно. На барање на поголема група автори на македонака музика беше договорено евиденцијата да се води електонски, на што и двете страни се догооврија.

-ЗАМП долго време не го инсталираше софдеврот со разни оправдувања. Сега, кога веќе софтверот е инсталиран и кога конечно ќе може чесно и правилно да се знае кој автор колку пати е емитуван и следствено на тоа валоризиран, ЗАМП се заканува и бара да се врати стариот, хаотичен и матен систем на прибирање пари од нашите компании, но и од граѓаните, со што јасно покажува дека кај нив нема никаков интерес за заштита и промоција на македонската ваторска мзуика, туку заштита на нечии профит интереси, стои во реакцијата на националните телевизии.

И министерството за култура смета дека најавите и заканите со бојкот се несоодветни и апелира на почитување на законските процедури. Министеката смета дека електронската евиденција е најсоодветна и најправична за валоризација на авторските права.

Канческа Милеска вели дека единствен валиден начин да се побара забрана за емитување на нечие авторско дело е само дколку авторот на тоа дело лично го побара.