Фудбал
9. May 2017 - 15:06

Замислете Меси нема дрес од Роналдо?!

Лионел Меси грижливо ги чува сите дресови што во текот на кариерата ги разменил со противничките фудбалери.
 
„Никогаш не барам од другите фудбалери дресови. Ако е некој Аргентинец во противничкиот тим, тогаш со него ќе го разменам дресот. Но, кога некој ќе ме праша за дрес, секогаш сум за размена“, рече Меси, кој денеска на Инстаграм и Фејсбук ги објави фотографиите од импозантната колекција дресови што ги собрал низ годините.
 
Во неа се и дресовите на некои легенди на Реал мадрид, како Икер Касиљас и Раул. Меси на ѕидот го има и Тоти и Анри, а на таванот е закачен дресот на Павел Недвед.
 
„Всушност само еден фудбалер го прашав во животот за дрес. Тоа беше Зинедин Зидан“, рече неодамна Аргентинецот.