Замина засекогаш: Почина девојчето кое се „омажи“ за својот татко
Попи која кое минатиот месец се „омажила“ за својот татко ја изгуби битката за животот, објавиле нејзините родители.
Малата Попи Маи(1) боледувала од рак, а откако докторите прогнозирале дека има само неколку дена живот, нејзиниот татко Енди Барнард одлучил да ја исполни својата голема желба и да и приушти свадба од бајките на која се „омажила“ за него, пишува Дејли Маил.
- Кога дознавме дека ќе имаме ќерка, реков дека еден ден ќе има венчавка од соништата, но не мислев дека ќе биде вака, рекол скршениот татко.
На девојчето прво и било дијагностициран рак на бубрегот, па потоа и се проширил на белите дробови и на крај на мозокот. Докторите рекле дека на девојчето и остануваат само неколку дена живот и му дозволиле на семејството да си ја однесат дома, каде ги поминала последните мигови од животот. Починала на рацете на нејзиниот татко, додека нејзината мајка ја милувала по глава, објавило семејството.
- Денеска ја гледав нашата прекрасна ќерка како добива ангелски крилја. Иако ме боли што нема да гледам како расте и како се смее, знам дека сега е мирна и ќе оди на место каде нема болки и патења, рекла нејзината 29-годишна мајка.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж